Променливо облачно со сончеви периоди, попладне со локална пороен дожд

Променливо облачно со сончеви периоди и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено во попладневните часови.

Претежно во источните делови процесите локално ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. UV=6

Минималната температура ќе се движи во интервал од 7 до 16, а максимумот од 26 до 32 Целзиусови сетепени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди, попладне во делови од котлината нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Температурата ќе достигне до 29 степени.