Над 90 отсто од германските домашни помошници работат илегално

Огромно мнозинство од домашните помошнички и помошници во Германија илегално работат во дејностите од чистење до градинарство, покажува истражувањето објавено во саботата.

„Со години проценуваме дека бројот на домашните помошници кои не се регистрирани и коишто работат на црно без пензиско и осигурување од повреди на работното место надминува 90 осто“, вели Доминик Енсте, авторка на истражувањето на Институтот на германската економија (IW).

За најновата проценка, Институтот ги анализирал неодамна објавените резултати од таканаречениот социо-економски панел, претставени како репрезентативно долгорочно истражување на околу 290.000 приватни домаќинства.

Според овој показател, околу 4,3 милиони германски домаќинства, или околу секое десетто домаќинство во Германија, редовно и повремено вработувале помошници во домот во 2021 година.

Доколку се одземе познатиот број ангажирани кои се самовработени и плаќаат придонеси за социјално осигурување, 3,9 домаќинства им плаќаат на луѓето да чистат, за градинарство, да им ги чуваат децата и да извршуваат другои работи надвор од вниманието на државата, проценуваат во Институтот.

Работодавачите и работниците на црно имаат малку добивка доколку се регистрираат кај органите за регулирање на вработувањето со скратено работно време.

„Иако не е невообичаено домашните помошнички да работат во домаќинствата долги години и да е изграден добар однос на доверба, домаќинствата често не сакаат да склучуваат договорни обвски“, коментира Енсте.