По краткотрајно боледување денеска во утринските часови почина проф. д-р Витомир Мицев, еден од основоположниците на македонската психијатрија и психотерапија, поранешен претседател на Македонското лекарско друштво, на Македонската психијатриска асоцијација, информираат од Универзитетската клиника за психијатрија.
Во 1976 година проф. д-р Мицев повторно престојува во Лондон, а исто така овој студиски престој се повторува и во 1980, 1983 и 1985 година. На универзитетот Сент Луис, во САД во неколку наврати е визитинг професор, а во 1999 визитинг-професор станува и на Њујоршкиот универзитет. На Универзитет Кирил и Методиј – Скопје, д-р Мицев беше професор на Медицинскиот, Стоматолошкиот и на Филозофскиот факултет.
Проф. д-р Мицев има објавено 110 стручни трудови во домашни и светски списанија. Автор е и на книгите: „Стравот низ дневникот на еден психијатар”, „Зошто”, а заедно со проф. д-р Ѓеорги Чадловски се автори на учебниците „Психијатрија 1 и 2’’.
Неврозите и психотерапијата се посебното поле на интерес од неговата потесна специјалност. Супспецијалист е по психотерапија и ја вовел когнитив-бихевиор психотерапијата во Македонија и е еден од познатите автори на лекување на фобичните заболувања. Беше активен член на Светската психијатриска асоцијација и на Европскиот комитет за едукација во психијатријата.
Погребот на проф. д-р Витомир Мицев ќе се одржи утре во 12:30 часот на градските гробишта Бутел во Скопје.