Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со врнежи

Во недела во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, а попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.

Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. Ултавиолетовото зраќење (UV) ќе има вредност 6.

Утринските температури се движат во интервалот меѓу 10 и 17, а соодветно дневните ќе бидат од 24 до 31 Целзиусов степен.

Во Скопје и околината претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе достигне до 29-от степен.