СДСМ: Ние сме посветени на граѓаните, ДПМНЕ ги блокира европските перспективи

„Во изминатиот период СДСМ неколку пати ја зголеми минималната плата на 21.000 денари, која сега е двојно и повеќе поголема во однос на ДПМНЕ. Просечната плата од 22.000 ја качи на досега историски највисока вредност од 37.000 денари, просечната пензија е за 40 отсто повисока“. Овие пораки утрово ги испраќаат од владејачката СДСМ преку соопштение испратено до медиумите.
„Успешните економски политики заедно со интеграциските политики даваат резултат. Со членството во Европската Унија овие економски резултати ќе бидат значително поголеми.
Во првите 5 години од членството работниците ќе имаат повисоки плати од 70 до 100 проценти.
ДПМНЕ со своите неразумни постапки ги блокира европските перспективи на граѓаните, блокира повисок животен стандард, поголеми плати и пензии.
Одлагањето или одбивањето на членство во ЕУ води во меѓународна изолација, економска нестабилност, неспроведување на структруни реформи, масовно иселување на граѓаните, пред се на младите.
СДСМ е посветена на интеграцијата и членството во ЕУ, за подобар живот на граѓаните.
Блокадите на ДПМНЕ мора да бидат поразени“, стои во партиското соопштение на СДСМ.