Серија А: Рома се истури на Емполи, Фиорентина подобра од Аталанта

Исклучително голгетерски беа расположни фудбалерите на Рома во четвртото коло до италијанската серија А, и на својот „Олимпико“ со 7:0 го совладаа Емполи.

Воедно ова беше и премиерната побара на Рома оваа сезона. Досега „Волчицата“ впиша само едно реми и два пораза.

По само осум минути игра беше 2:0 за Рома со погодоците на Паоло Дибала (2) од пенал и Ренато Санчез (8), а до крајот на првиот дел во 35 минута Алберто Граси ја погоди сопствената мрежа за 3:0. Рома насети „крв“ па во вториот дел тргна уште пожестокот постигнувајќи уште четири погодоци, а стрелци беа уште еднаш Дибала во 55, Браиајн Кристанте во 79, Ромелу Лукаку во 82 и Џанлука Мачини во 86 минута.

Рома сега е 12-то место со пет бодови, додека Емполи без бодови е последен 20-ти на табелата.

Фиорентина претходно во неделата ја впиша својата втора првенствена победа, а Аталанта вториот пораз.

Во отврорениот натпревар гостите поведоа во 20 минута со голот на Холанѓанецот Теун Компениерс, а следеше пресврт на домашните преку Џакомо Бенавентура во 35 и Лукас Мартинез Кварта во 45 минута. Аталанта во 53 минута успеа да израмни преку Адемола Локман, но бодовите останаа во Фиренца благодарејќи на голот на Кристијано Куаме во 76 минута.

Фирентина сега има седум бодови и е на седмото место, а Аталанта остана на шесте бодови и е деветта.

Фросиноне дома направи голем пресврт и со 4:2 го совлада Сасуоло. Гостите имаа водство од 2:0, благодарејќи на Андреа Пинамонти кој беше прецизен во 7 и 24 минута. Домашните до крајот на првиот дел успеаја да намалат преку пеналот кој во четвртата минута од судиското продолжение го реализираше Валид Чедира. Кон средината на вториот дела пресвртот го донесе Лука Маѕители со головите во 70 и 76 минута, а победата ја потврди Пол Лирола во шестата мунита од судиското продолжение на натпреварот.

Фроносино собра досега седум бодови и е на шестото место на табелата, а Сасусоло со една победа и три пораза, односно три бода моментално е на 17-то место.

Монца и Лече ги поделија бодовите. Гостите поведоа од пенал уште во 3 минута преку Никола Крстовиќ, а израмни Андреа Колпани во 24 минута. Гостите останаа со играч помалку по исклучувањето на Федрико Баскирото во 55 минута, што домашните не успеаја да го искористат, а во 85 минута силите на теренот беа израмнети откако беше исклучен Лука Калдирола.

Лече досега не е поразен и собра осум бодови со кои е на четвртото место, а Монца со четири бодови е 14-та.

Кајари дојде до вторито бод сезонава, на 19-то предпоследното, а Удинезе до третиот и 16-то, по мечот во кој одиграа без голови.

На врвот на Серија А е Интер со максималните 12 бодови, а го следат Јувентус со 10, Милан со 9 и Лече со 8, а бранителот на титулата Наполи е на петтото место со 7 бодови.