Образовниот идиотизам на Агим Нухиу и Јетон Шаќири

Деновиве заменик министерот за образование и наука, Агим Нухиу на една од македонските телевизии (Алсат) изјавува дека „Градоначалникот на општината Гази Баба, Бобан Стефковски врши дискриминација и го прекршува член 137 од Кривичниот законик (КЗ) со тоа што не им овозможува на учениците Албанци да учат на мајчин јазик и ризикува казна од шест (6) месеци до пет (5) години затвор“.

Пред да му одговорам на ваквиот ИДИОТИЗАМ на овој заменик министер за образование и наука, и за неговата т.н. „дискриминација“, да го потсетам за неговиот образовен криминал (поранешен заменик министер во министерството за внатрешни работи и заменик министер за правда-КАТАСТРОФА), за незаконското унапредување во наставно-научно звање вонреден професор на Правниот факултет на УТ-Тетово, како и за неговиот сопартиец Арбр Адеми (поранешен министер за образование, сега актуелен пратеник) кој незаконски е унапреден во наставно-научно звање доцент на Правниот факултет УТ-Тетово. Унапредувањето на овие функционери во наставно-научни звања се случува за време на мирувањето на нивниот работен однос, со што се унапредени во повисоко наставно-научно звање, а исто така и склучиле договори за интелектуални услуги-авторски хонорари за вршење на настава. Спротивно на законската регулатива, со што направиле злоупотреба на парични средства/реализирани исплати на надоместоци на јавни функционери во својство на ангажирани лица на УТ-Правен факултет Тетово. По испитувањето на Управата за финансиска полиција за овие „неранимајковци“, ме известија дека парите за интелектуални услуги-хонорари, пари на студентите се вратени, а Јавното обвинителство Тетово не чувствува потреба од натамошно постапување. И одговорност нема! Катастрофално од Јавното обвинителство во Македонија! Постапува по диригентската палка на политичката партија ДУИ.

Слична постапка е и со нивниот сопартиец актуелниот министер „слуга на Рамиз Мерко кој магистрирал на мерковиот универзитет кој и бил раководител како магистер за постдипломски студии-криминално“, кој пред да му се нострифицира докторската диплома добиена на Економскиот факултет во Тирана, е унапреден во наставно-научно звање доцент. Ова е образовен криминал! Одговорност нема!

За овие нивни и други целокупни образовни криминали запознати се амбасадите во Македонија, како и сега американската амбасадорка Н.Е. Анџела Агелер.

Образовните криминалци претат и одземаат ингеренции

Овие министри (од политичката партија ДУИ) се закануваат, се засилени и одземаат ингеренции, тоа го почувствува и градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, „ …е осомничен за кршење на процедури при разрешување и именување на неколку директори на училиште во Гостивар“, потпомогнати од државни просветни инспектори на чело со Арбр Адеми, Агим Нухиу и нивниот извршител инспектор Африм Саљиу (кој потоа е унапреден во повисоко звање), па продолжуваат и му ги одземаат ингеренциите на Градоначалникот на Тетово, Билал Касами, за гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ со заплашување за „…непочитување на законската регулатива“ и други кои не се од политичката партија ДУИ.

Но, заменикот Агим Нухиу и т.н.министер за образование и наука Јетон Шаќири, никако да одлучат да му ги одземаат ингеренциите на струшкиот градоначалник поради незаконско поставување на директори во неколку основни училишта во градот и регионот. Антикорупциска дури му поднесе и кривична пријава против Мерко, за незаконско поставување на директор во селото Велешта. За Јетон Шаќири и Агим Нухиу тоа ништо не значи! Ги прашувам: Зошто го криете образовниот криминал на Рамиз Мерко!? За ова треба да одговарате? Кој ви дава за право да вршите дискриминација? Ќе мора да сносите одговорност, и ќе сносите!

Види повеќеОбразовниот криминал на Мерко во соработка со Јетон Шаќири

Заканите на Агим Нухиу

Е,сега за заканите на заменик министерот за образование и наука, Агим Нухиу ратоборен со претење и закани со затвор, оти „не смее да се дискриминира ни еден ученик-Албанец“ и е „загрижен за децата Албанци“ дека Градоначалникот на општината Гази Баба, Бобан Стефковски врши „дискриминација и го прекршува член 137 од КЗ со тоа што не им „овозможува на учениците Албанци да учат на мајчин јазик и ризикува казна од шест (6) до пет (5) години затвор“.

Ти Агим Нухиу со т.н.министер за образование и наука, Јетон Шаќири правите заедно  дискриминацијата кон сите деца без разлика на националната и верска припадност, односно Македонци, Албанци, Турци, Бошњаци, Власи, Роми,Срби… И вината-одговорноста ја барате на друго место, а не во себе. Вие сте дискриминатори на детските права и не го спроведувате најдобриот интерес на децата согласно Конвенцијата за правата на детето и го прекршувате Уставот на Република Македонија и Законот за основно образование. Ти Агим Нухиу и твојот сопартец Јетон Шаќири, ќе сносите одговорност, затоа што правите системска институционална дискриминација. А, тоа го најави и претседателот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД), која констатира дека од 126 учебници потребни за сите задолжителни и изборни предмети во деветогодишното основно образование, на почетокот на учебната 2023/2024 година, МОН не обезбедило 43, односно недостасуваат 34 отсто учебници. Па така, по наставни јазици учебници ќе имаат само учениците од првите и вторите одделенија. Претседателката на КСЗД истакнува дека со ваквиот чекор е направена дискриминација врз учениците. Според извештајот, по ниту еден задолжителен предмет учебници ќе немаат учениците од шесто одделение по вклупно десет (10) наставни предмети за кои сѐ уште нема одобрување. Исто така, и учениците од третите одделенија ја почнуваат оваа учебна година без ниту еден учебник по сите задолжителни предмети. Учебници по Македонски, Албански, Турски и Босански јазик не се готови. Во иста фаза се и учебниците по Природни науки и Општество. Учебници по Математика ќе нема… Учебници по Македонски јазик ќе немаат учениците кои следат настава на Албански, Турски, Српски и Босански јазик од четврто, петто и од шесто одделенија… Како и за други учебници. Во правна држава ти Агим Нухиу и т.н.министер за образование треба да сносите одговорност и да си поднесе неодповиклива оставка за вакви направени образовни дискриминаторски односи, пропусти и злоупотреби. Го повикувам и Народниот правобранител да се одважи за ваквиот дискриминирачки чин на главните функционери на МОН. И да неспие Јавното обвинителство!

А,сега Агим Нухиу да знаеш за општина Гази Баба

На територијата на општина Гази Баба, се посетува настава на мајчин албански јазик и тоа во три (3) основни училишта: Подрачно училиште (ПУ) „Кирил и Методиј“ во Страчанци, девет (9) паралелки 91 ученик, Основно училиште (ОУ) „25 Мај“ во Сингелиќ 63 паралелки 1695 ученика и во Основното училиште „Његош“ пет (5) паралелки со 44 ученици.

Во предметна настава во ОУ „Његош“, во кое се бара дополнителни паралелки на албански наставен јазик, веќе се одржува настава од прво до петто одделение, а за настава од шесто (6) до деветто (9) одделение им се овозможува безплатно  висококвалитетен превоз до најблиското населено место Огњанци. Ова е решение се додека не се изгради нова училишна зграда во населеното место Идризово.

Ваквиот начин на функционирање не се однесува само кај децата од албанската национална припадност и нема дискриминација, согласно член 137 од КЗ, туку на овој начин се функционира и во рамки на ОУ „Крсте Петков Мисирков“ каде наставата се изведува на македонски наставен јазик, децата од населените места Брњарци, посетуваат настава од прво до петто одделение во Брњарци, а шесто одделение го  продолжуваат во населбата Ченто.

Истиот начин на функционирање е и во рамките на ОУ „Климент Охридски“, каде децата од Подрачното училиште во населеното место Раштак, посетуваат настава на македонски наставен јазик, од прво до петто одделение во Раштак, а шесто одделение го продолжуваат во населеното место Булачани.

Затоа Агим Нухиу за твоите изјави по поратли и телевизии и закани, побарав од МОН да одговорат за твоите нецивилизирани-примитивни закани, истите од кабинетот на министерот за образование иронично се насмееа и немаа одговор.

Е, сега јас те упатувам „мој пријателе“, што „многу се грижиш за децата Албанци“ да се обратиш во Владата (каде што коалицирате со СДСМ) и да ги прашаш што ветуваа пред граѓаните на Идризово (28.09.2019г.) и тоа: Артан Груби, Арбер Адеми (министер за образование и наука), генсекот на Влада не Рашковски, тој после него кој е во домашен притвор. (Види на ТВ21 снимка од 28.09.2019г.). Зошто ги лажеа албанските родители? Каде е ветуваното училиште? Провиден си Агиме (Нухиу). Од тебе не бидува ништо. Пред албанските интелектуалци си за жалење и тажење!

Само да знаеш Агиме (Нухиу) дека ОБРАЗОВНИОТ ИДИОТИЗАМ СИ Е ОБРАЗОВЕН ИДИОТИЗАМ СО ШТО ГО ПОКАЖУВАШ ПРАВОТО ЛИЦЕ НА ИДИОТИЗМОТ!

Автор: Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија за НетПрес