
Реал Мадрид вечерва против Лудогорец во Софија ќе го одигра вториот меч од Лигата на шампионите.Со оглед на близината на Софија и Скопје, стотици македонски фанови на „Кралскиот клуб“ се упатија кон главниот град на Бугарија за да навиваат за Реал Мадрид.
Неофицијално групата брои околу 500, а патувањето е организирано, односно целата група заедно ќе отпатува и ќе се врати од Софија.