Во текот на оваа година, пријавени се вкупно 387 случаи на западнонилска треска кај човечката популација во земјите на Европската унија (ЕУ) и Европската економска заедница (ЕЕА), и тоа во: Италија (203), Грција (100) , Србија (69), Романија (39), Франција (18), Унгарија (19), Германија (3), Шпанија (4). Регистрирани се и 29 смртни случаи и тоа: во Грција (13), Италија (9), Романија (6) и Шпанија (1). Еден случај на починат од западнонилска треска е пријавен и во Северна Македонија.
Епидемиолозите појаснуваат дека бројките на заразени се сигурно многу поголеми но кај лекарите доаѓаат само пациенти со сериозна клиничка слика. Како главен виновник за ширењето на оваа заразна болест ги посочуваат климатските промени бидејќи сега заразата ја шират и домашните комарци. Ообено загрозени се медитеранските земји, а тоа го потврдуваат и извештаите за бројот на заразени од Италија и Грција.
Западнонилската треска не може да се искорени. Она што може да се направи е да се намали бројот на комарци во урбаните средини и во туристичките места е со прскање. Ако човек оди во природа, тогаш мора индивидуално да се заштити.