Кинескиот добавувач на „Huawei Technologies“ им испорачува на клиентите нови чипови за надзорни камери од домашно производство, рекле два извора за Reuters, сигнализирајќи дека технолошкиот гигант пронаоаѓа начини да ги заобиколи ограничивањата на американскиот извоз на чипови во Кина.
Од почетокот на годинава чиповите на произведувачите на надзорни камери им ги испорачува компанијата „ HiSilicon“, самостојна филијала на „Huawei Technologies“ , тврдат два извора на британската агенција. Еден од нив е претставен како упатен во ситуацијата во синџирите за снабдување во овој сектор. Групата купивачи ги вклучува и кинеските компании, навел другиот соговорник.
„Чиповите за надзорните камери релатовно е лесно да се произведат, за разлика од процесорите запаметните телефони“, рекол изворот запознаен со синџирот во индустрријата за надзорните камери, додавајчи дека враќањето на „HiSilicon“ предизвикало потрес на пазарот.
Пресудило тоа што компанијата, според сѐ судејќи,ги заобиколила американските ограничувања на извозот на софтвер за проектирање на чиповите. Во март„Huawei“ објави дека постигнал напредок во развојот на алатките за правење чиповиод постарата генерација, од 14 и повеќе нонеметри. Таа технологија е постара но претставува напредок за компанијата, толкува Reuters.
Меѓутоа, на почетокот од септември беше објавено дека „Huawei Technologies“ и кинескиот произведувач на чипови „Semiconductor Manufacturing International Corp“ (SMIC) произвеле 7-нанометарски процесор и го вградиле во новиот модел на мобилен телефон, откривајќи значително придвижување во развојот на чиповите. Новиот чип „Kirin 900s“ го произвел SMIC во Кина, покажал тестот што го спровела канадската истражувачка компанија „TechInsights“.
Сите три извора инсистирале на анонимност поради чувствителностна темата, а од „Huawei Technologies“ одбиле да коментираат.
Процесорот ја користи најсофистицираната 7-нанометарска технологија на SMIC и наведува на заклучокот дека обидите на кинеската влада да изгради домашен екосистем на чипови носат резултати, истакнуваат од „TechInsights“.
„Huawei Technologies“ уште во 1991 година ја основал компанијата „HiSilicon, доверувајќи ѝ ја работата со проектирање чипови. Од 2004 година компанијата има статус на самостојна филијала во сопственостна кинескиот технолошки гигант. „HiSilicon“ главно испорачува чипови за опремата на „Huawei Technologies“ , но неговите купци ги вклучуваат и „Dahua Technology“ и „Hikvision“.
До 2019 година компанијата беше доминантен добавувач на чиповите за секторот надзорни камери, со учество на глобалниот пазар од 60 отсто, според брокерската куќа „Southwest Securities“. Но во 2021 година се спуштила на само 3,9 отсто, според податоците на консултантската куќа „Southwest Securities“.
Пред десет дена „Huawei“ на јавноста ѝ претстави нов модел на смартфон кој користи софистицирани чипови од кинеско производство, според аналитичарите, а корисниците на социјалните мрежи тврдеа дека развива брзина според 5G стандардите. Кинеските државни медиуми и јавноста тврдат дека смартфонот „Mate 60 Pro“ го означува враќањето на бизнисот на „Huawei Technologies“ со паметни телефони, по прекинот предизвикан од американските санкции.
Од „Huawei Technologies“ не ги коментираа можностите за 5G на телефонот или не кажа како го произвел новиот, софистициран чип. Серијата „Kirin“ е дизајнирана од „HiSilicon“, која пред американските санкции кон „Huawei Technologies“ ја произведуваше во соработка со тајванската TSMC.
САД немаат докази дека „Huawei Technologies“ може масовно да произведува паметни телефони со софистицирани чипови, изјави во вторникот американскиот министер за трговија Џина Раимондо.