Паднало дрво врз него и починал

Педесет и четиригодишниот Ѓорѓи Т. од беровско Русиново загинал од удар на дрво кое паднало врз него додека го сечел.

Несреќата се случила вчера попладнето, додека тој сечел големо буково дрво кое ненадејно паднало врз него и го потиснало. Веднаш на помош му притрчале селаните кои иако го извадиле од под дрвото не успеале да го спасат. Безуспешен бил и обидот на брзата помош која за кусо време пристигнала на местото на несреќата која само констатирала смрт кај дрвосечачот кој починал од повредите во стомакот и обилното крварење.

Увид на местото на настанот извршиле полициско судски екипи кои констатирале дека се работи за несреќен случај.