
Денеска во Македонија ќе преовладува сончево и топло време, со мала до умерена облачност.
Ќе дува слаб до умерен јужен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец,
Утринските температури се движат од 10 до 17, додека максималните дневни соодветно ќе бидат во интервелот меѓу 25 и 33 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината, исто така, ќе биде сончево и топло со мала облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Температурата ќе достигне до 33 степени.