Кси: Кина е подготвена да соработува со Сирија и да ги зајакне врските

Кина и Сирија ќе ги унапредат односите на ниво на стратешко партнерство, беше речено по средбата на кинескиот претседател Си Џинпинг и сирискиот претседател Башар ал-Асад во петокот во Хангжу.

„Соочени со нестабилна и несигурното меѓународно опкружување, Кина е подготвена да продолжи да работи со Сирија во интерес на пријателската соработка и зачувувањете на правичноста и правдата во меѓународните односи“, рече Кси, пренесуваат кинеските државни медиуми.

Сирискиот челник престојува во Кина откако попушта меѓународната изолација наметната од Западот кои и воено учетвуваше во оваа блискоисточна земја и повторно ги јакне трговските врски со втората по големина економија во светот во време кога разорената од повеќе од децениската војна Сирија има очајна потреба од странски инвестиции.

Асад заедно со други странски претставници ќе присуствува на отворањето на Азиските игри во сабота, во серијата потези со кои Сирија се враќа на светската сцена. Сирија се приклучи на кинеската иницијатива „Појас и пат“ во 2022 година и се врати во Арапската лига во мај.

Западните аналитичари се сомневаат дека Асад ќе ги постигне своите цели на ова патување, бидејќи кинеските и сите други инвеститори ризикуваат да бидат погодени од американските санкции кои се закануваат со замрзнување на имотите на компаниите кои работат со Сирија.