Шукова: За решавање на проблемот со загадувањето ќе бидат потребни десетици години

Откако британски „Гардијан“ објави дека граѓаните на Македонија дишат најтоксичен воздух во цела Европа, министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова за РСЕ вели дека таа не би се согласила со оваа констатација, но не бега од фактот дека земјата навистина се соочува со проблем со загаденоста на воздухот.

Таа изјави дека е неблагодарно да се каже дека проблемот со аерозагадувањето може да се реши за краток рок, бидејќи потребни се стратегии, дологорочни решенија но и акција за да се направи позитивен исчекор, а според светските пракси, утврдено е дека за решавање на аерозагадувањето, особено за големите градови се потребни десет до 20 години.

„Јас се надевам дека, меѓу другото, и кај граѓаните се подигнала малку јавната свест, па не користат нееколошки материјали за да се затоплуваат. Она што го кажуваа статистиките во Европа и во светот, е дека особено на главните градови им требаат повеќе години за да можат да се справат со овој проблем, односно да се префралт од нееколошки системи за затоплување, кон еколошки системи за затоплување, коишто помалку го загадуваат воздухот“, вели Шукова за РСЕ.

Прашана за случајот со Иловица, таа се надева дека, меѓу другото, и кај граѓаните се подигнала малку јавната свест, па не користат нееколошки материјали за да се затоплуваат. Она што го кажуваа статистиките во Европа и во светот, е дека особено на главните градови им требаат повеќе години за да можат да се справат со овој проблем, односно да се префралт од нееколошки системи за затоплување, кон еколошки системи за затоплување, коишто помалку го загадуваат воздухот, смета министерката.

„Случајот со Иловица од скоро ви е познат, познат е мојот став, а и ставот на граѓаните. Јас сум за тоа дека треба да одлучиме како држава, во регионите и деловите од државата каде што е развиено земјоделското производство и каде што сакаме да развиваме дополнително, бидејќи сме една од земјите лидери на користење на ИПАРД-средствата, таму треба да размислуваме сериозно дали треба да имаме нови концесии за минерални суровини или на руда. А во деловите на државата каде што немаме развиено земјоделско производство, таму зошто да не“вели Шукова.

Кога станува збор за подготвениот Законот за прогласување на Охридското Езеро за споменик на природата и реакцијата на граѓанските организации дека тој се носи врз основа на набрзина подготвена студија за валоризација и без доволно вклучени експерти, министерката одговара дека изработката на студијата за валоризација е согласно законот и биле вклучени сите инволвирани страни, и во изработката на студијата, и во изработката на законот.

„Вклучително сега, и во јавната расправа што ја имаме за самиот закон, пред да го пуштиме на Влада и пред да оди на Собраните. Сите коментари коишто ги имаат невладините организации се добредојдени, ќе ги прибереме и ќе дискутираме заедно со нив, меѓутоа прво интерно, во Министерството, да видиме во кој опсег се коментарите што ги имаат. Меѓутоа не се согласуваме дека не е направена студијата за валоризација согласно закон и дека е декларативно направена“ рече министерката за животна средина.