На германските градежници им е потребна државна помош

На домувањето во Германија му се заканува колапс, предупреди синдикатот IG Bauen-Agrar-Umwelt (IGBAU), посочувајќи дека државата мора да да им помогне и да издвои 50 милијарди евра за да го намали притисокот од високите каматни стапки и трошоци.

„Програмите за економски стимулации во изминатиот период беа доста успешни. Сега е повторно време (државата) да дојде на помош“, изјави претседателот Роберт Фајгер за неделното издание на високотиражниот дневен весник Bild.

Високите каматни стапки и вртоглавите трошоци ја закочија изградбата во последните месеци, предупреди Фајгер.

„На градежништвото во секрот домување му сезаканува пропаст. Владата од година во година не ја постигнува целта да гради 400.000 станови годишно. Бројките во градежништвото стануваат сè послаби и послаби – и покрај фактот што населението се зголемува“, ​​нагласува синдикалниот лидер.

Изградбата на станови и недостигот од станбен простор се темите на конференцијата што во понеделник ја свика канцеларот Олаф Шолц, а на дневен ред би можеле да бидат владините стимулации.

Германската асоцијација на градови и општини (DStGB), исто така, планира да побара државна поддршка за секторот на конференцијата.

„(Треба) да ги забрзаме процедурите за планирање и дозволи за изградба на станови, да ги ограничиме трошоците за изградба и дополнително да ги зајакнеме инвестициите. “ изјави шефот на здружението Герд Ландсберг.

Потребни се даночни олеснувања, како за нова градба, така и за реновирање на постојните згради, изјави Ландсберг за Bild