-Ние не комуницираме со Заев, ние го пензиониравме него на локалните избори. Ние политички го пензиониравме. Заев даде оставка по поразот на локалните избори, а тоа беше резултат на ова раководство кое е сега на ВМРО-ДПМНЕ, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, на гостување во емисијата 360 Степени која се емитува на јавниот радиодифузен сервис МТВ, говорејќи за обвинувањата за соработката на ВМРО-ДПМНЕ со СДСМ.
Николоски укажа дека по изборите кога ќе се смени власта, ќе биде се испита работата на поранешниот премиер Зоран Заев.
„По промената на власта детално ќе ја испитаме неговата работа, и по промената на власта, доколку има одговорност, ќе одговара“, кажа Николоски.
Тој укажа дека нападите од партијата сега се кон Димитар Ковачевски и Миле Зечевиќ.
„Додека беше претседател на партијата и на Владата, логично ударот да е кон него, кон Заев, а сега е кон Димитар Ковачевски и Миле Зечевиќ, двајцата како двоец“, заклучи Николосоки.