Меџити вели дека кај Пендаровски, на Денот на НАТО, разговарано е за враќањето на Груевски

Лидерот на Демократското Движење, Изет Меџити, вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 откри каде било разговарано за враќањето на екс премиерот во бегство, Никола Груевски.

Тој вели дека оваа тема била отворена на Денот на НАТО кај шефот на државата Стево Пендаровски.

„На Денот на НАТО, високи експоненти на ДУИ барале и молеле кај претседателот под било каков услов да се врати Никола Груевски, доколку сакаме земјата да има перспектива“, откри Меџити.