
Директорот на Тајната служба на САД, Џулија Пирсон, поднесе оставка, по острите критики за неколкуте тешки безбедносни пропусти на службата која се грижи за безбедноста на американскиот претседател, објави МИА.
Повлекувањето од функцијата, Пирсон му го понуди на државниот секретар за внатрепна безбедност Џех Џонсон,кој изрази респект за нејзината досегашна, вкупна работа, но ја прифати оставката.
Заминувањето на првиот човек на Тајната служба уследи само 24 часови по острите критики,упатени до Пирсон и до службата од членовите на амеериканскиот Конгрес, а време на сослушувањето на директорката околу безбедносните пропусти во Белата куќа.
Најтешкиот инцидент се случи пред три недели, кога ветеран на ирачката војна, вооружен со нож, ја прескокна оградата на Белата куќа, а потоа влезе во неа и дојде до најстрого обезбедуваниот дел на службената резиденција на претседателот на САД, во непосредна близина на приватните простории на Барак Обама и неговото семејство,пред да биде фатен,разоружан и затворен.
Само три денови пред тоа, Тајната служба дозволила ,претседателот Обама да се вози во лифт заедно со еден вооружен човек, ангажиран од приватна безбедносна агенција, кој на трипати бил обвинет за насилство и за претепување.
Џулија Пирсон беше 30 години во безбедносните служби на САД и во американската Тајна служба.
-Веднаш по сослушувањето знаев дека Конгресот повеќе нема довреба во мене, како директор на Тајната служба, изјави за американскиоте медиуми Пирсон, откако беше обелоденета нејзината оставка.