Лејкерси предводени од Коби ги започнаа подготовките за новата сезона

Екипата на Лос Анџелес Лејкерс ги започна подготовките во тренинг кампот пред почетокот на наредната сезона.

Уште на првиот тренинг кошаркарите започнаа да работат со полна пареа, а најголемо внимание предизвика Коби Брајант, кој се врати по една година пауза поради повредата на Ахиловата тетива и на коленото.

Коби покажа дека полека се враќа во неговата претпознатлива форма, а не крие дека му е мило што повторно може да се натпреварува.

– Добро е чувството кога повторно можеш да се натпреваруваш. Сега сите сакаат да знаат како изгледам на теренот, јас тоа го разбирам, но јас го работам истото како и секогаш. Добро се чувстувам, малку боли, но тоа е нормално во овие моменти – изјави Коби.