Стојаноска до Маричиќ: Бакнежи и намигнувања по дома да си праќаш, лигав еден!

Голема кавга попладнево избувна во Собранието за време на седницата за пратенички прашања, а главна актерка во кавгата беше пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска, која го обвини вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ дека ѝ испраќа бакнежи и ѝ намигнува зад грб.

– Јас не знам како не ви е срам. Бакнежи и намигнувања само по дома да си праќаш, лигав еден. На што личи ваквото несоодветно однесување на вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ?! И моите колеги многу добро видоа што правеше Маричиќ. Мојот колега Никола Мицевски неодамна беше обвинет дека нападнал пратеничка, а што беше сега ова што го стори вицепремиерот? – рече Стојаноска.