На патот Волково-Орман, кон улицата 95 во Волково, се гради канализациска мрежа долга 560 метри . Се очекува да се завршат и преостанатите педесет метри на крак од улицата со што конечно ќе се реши проблемот со преполнетите септички јами.
Пари за изградба на канализациската мрежа се обезбедени од буџетот на општината Ѓорче Петров.