Од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ известуваат дека во петок, на 29.09.2023 година, поради уличен дефект од Ф-125 мм на улицата „Методија Андонов Ченто“ (до самофорите) во населба Ченто, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од споменатата улица и населба Сингилиќ со намален притисок.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9,30 часот до санирање на дефектот.
Улицата е во општина Гази Баба.