Струмичката општинска каса ќе се полни преку зонско паркирање

Општина Струмица, со која раководи првиот човек на опозицијата Зоран Заев, општинската каса ќе ја полни преку воведување на зонско паркирање. Паркирање во Струмица ќе чини колку и паркирање во центарот на Скопје.

По одржувањето на седница на совет на општина Струмица во вторникот на која беа донесени Правилникот за начинот и условите на паркирање, времетраењето на паркирањето односно неговото ограничување и означување на јавните паркиралишта, како и Одлука за утврдување на Ценовникот на услугите на Јп Паркиралишта Струмица, беше комплетиран процесот на зонско паркирање во овој град.

Проектот предвидува Струмица да биде поделена на две паркинг зони, при што црвената зона ќе ги опфати булеварите „Маршал Тито“ и „Ленинова“ долж строгиот центар на градот. Цената на паркирањето во првата „А“ зона ќе изнесува 30 денари за еден час, додека во втората жолта зона услугата ќе чини 20 денари за еден час.

Струмичани реагираат дека донесените цени се превисоки, бидејќи исто толку чини и паркирање на пример во строгиот центар на Скопје. Струмичани за еден час паркинг ќе плаќаат како да паркираат возило во Дебар маало или Капиштец.

Граѓаните на Струмица коментираат дека градот нема потреба од зонско паркирање и дека веројатно празната каса е причината поради кои се воведува зонското паркирање. Тие додаваат дека Струмица не е голем град, ниту пак туристичко место за да има зонско паркирање и дека не може паркирање во центарот на Струмица да чини колку и паркирање во центарот на Скопје.

Со мислење за воведувањето на зонско паркирање во Струмица се јави и новинарката Јорданка Ивановска- Јоци, која претпоставува дека “струмичани сега скокаат од среќа“. Таа го прашува Заев дали некогаш слушнал за катни и монтажни паркиралишта.

-Еден час паркинг ќе плаќаат како да оставаат возило во Дебар маало и Капиштец во Скопје или кај средното училиште „Јосип Броз“. Тоа бидејќи во Македонија живеат се побогати граѓани. Струмица по број на жители е колку половина Карпош, воедно и Кисела Вода , во двете -нема зонско. Вкупно во двете општини има 135.000 жители.
Да повторам, Струмица има само речиси една петтина од автомобилите кои гравитираат во Карпош и Кисела Вода заедно. За паркиралишта, катни, монтажни, чул некогаш Заев ? И за столпчиња за ограничување на движењето?, пишива Ивановска – Јоци.

joci-nova

Вкупниот број на паркинг места во двете зони изнесува 756, од кои 22 се наменети за лицата со посебни потреби и 28 за такси возилата.