Млеко и протеински јогурт со зголемено ниво на амфлатоксин завршило во Македонија, АХВ не си ја работи работата

Денеска ќе презентираме нови докази за неквалитетно млеко и млечни производи кои завршиле на македонскиот пазар, рече на денешната прес-конференција Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ова е едниот резултат кој го презентирам на јавноста, се работи за протеински јогурт увезен од Република Србија, и од него се гледа зголемено ниво на амфлатоксин, вториот документ е лабораториски извештај за млеко од една млекарница од Република Македонија, која исто така покажува присуство на амфлатоксин над дозволената граница. Јавно прашуваме дали протеинскиот јогурт од соседна Србија и млекото од млекарница во Македонија се пуштени во промет, или истото е преработено и се наоѓа на некој по рафтовите ширум маркетите во Република Македонија? Овие документи се уште еден показател дека контролата на млекото и млечните производи, како домашни, така и од увоз, АХВ не ги прави согласно потребите да ги заштити граѓаните од злоупотреби. Сакам да нотирам и дека Националниот систем за брзо известување не функционира, односно вакви известувања не се нотирано.

Дополнително АХВ прибегнува кон крајно опасна стратегија за народот, а тоа е криење на податоци и неизвестување на јавноста ако се пронајде храна која може да биде опасна по човековото здравје, рече Трипуновски.


-Имено АХВ не ја информираше навреме јавноста дека постои потенцијална опасност од увезено и домашно млеко, туку откако ВМРО-ДПМНЕ обелодени, од АХВ глумат дека работат на случајот. Уште повеќе сме загрижени поради фактот што АХВ не покажа документ дека пратките се вратени или уништени, што создава сожнеж дека тоа млеко е завршено низ Македонија, наместо да се врати во државата на извоз или да се соодветно уништи. Апелирам на Бабовски кој веќе трет ден е на службено патување, наместо да шета на државен трошок, веднаш да се врсти и да си поднесе оставка за сите хаварии кои што ги направи откако директорува со АХВ, потенцираше Трипуновски.

Со оваа власт животот на граѓаните постојано се загрозува, едно од криминал, а друго од неодговорното работење. Потребни се промени, а тогаш ќе има одговорност за несовесното работење во АХВ и во МЗШВ, додаде Трипуновски.