
Полициски инспектор е убиен ноќта кон понеделникот во Бијељина на североистокот од Босна и Херцеговина, а поради ова злосторство уапсени се четворица осомничени, пренесуваат локалните медиуми повикувајќи се на полициски извори.
Од полицијската управа на Бијељина потврдиле дека е убиен 38-годишниот Ненад Марковиќ, инспектор во тамошната полиција, а бил нападнат при излегување од еден ноќен клуб во градот. Полицијата и обвинителството ги истражуваат мотивите за убиството.
Меѓу четворицата мажи, како што тврди БН телевизијата до Бијељина, бил и извесен Никола Кокановиќ од Брчко, за кој се смета дека е диектен извршител на убиството. Тој и претходно ѝ бил познат на полицијата бидејќи е сомничен дека во 2021 година подметнал експлозивна направа во еден локал, како и за опожарување автомобил.
Според локалните медиуми, станува збор за син на Зоран Кокановил, пратеник во парламентот на ентитетот Репулика Српска и член на Социјалистичката партија која е членка на тамошната владејачка коалиција.