![voda-2-750x430](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/07/voda-2-750x430.jpg?resize=696%2C399&ssl=1)
Водата за пиење во Скопје е безбедна, покажуваат добиените резултати од испитувањата, односно сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18)
ЈП Водовод и канализација – Скопје денеска информира дека Секторот за санитарна контрола во периодот од 25.09.2023 до 29.09.2023 зема 188 примероци за физичко-хемиска и 188 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 41 мерни места во Градот Скопје.
ЈП „Водовод и канализациј“ Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.