Освен брчките на лицето, спуштените очни капаци се голем непријател на убавината на средовечните дами. Скапите креми и маски често не помагаат, бидејќи знаците на лицето се знак за стареење, лоша исхрана и начин на живот. Понекогаш, според дерматолозите, спуштените очни капаци може да доведат до проблеми со видот. За да изгледате позадоволни, потсетуваме на неколку едноставни трикови кои можат да ви помогнат брзо да ги поправите овие знаци на кожата.
Камилица
Камилицата е позната по своето антиинфламаторно дејство. За да ги подигнете очните капаци потребни ви се две кесички чај од камилица. Ќесичките ставете ги кратко во фрижидер, а потоа и на очите и чувајте ги 15 до 20 минути.
Белки
Белките од јајце брзо ја затегнуваат кожата. Исчистете ја областа околу очите и добро исушете ја. Нанесете мала количина белка од јајце, оставете ја да се исуши, а потоа исплакнете со ладна вода.
Мраз
Мразот ги стеснува крвните садови и ја „оживува“ кожата. Поминете со коцка мраз неколку пати преку рабовите на очните капаци. На ист начин ќе ви помогнат и лажиците кои стоеле кратко време во замрзнувач.
Краставица
Краставиците се богати со кофеин и аскорбинска киселина, кои ги намалуваат воспалителните процеси и ја зајакнуваат кожата. Затоа козметичарите советуваат да го масирате лицето со краставица. Ставете круг или два ладна краставица на отечените очни капаци и оставете ги да отстојат 15 до 20 минути.
Вежби за очните капаци
Затворете ги очите и ставете показалец над секое око. Раширете ги лактите на ниво на рамото. Избројте до пет, а потоа нежно стискајте ги очните капаци. Додека ги притискате, обидете се да ги отворите очите. Опуштете го притисокот и очните капаци. Повторете ја вежбата 10 пати.