
На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути во претпладневното тргување во средата постојано се движи околу највисокото ниво во речиси 11 месеци.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 107,07 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 107,06 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 149,85 на 149,15 јени. Јакнењето на јенот дојде откако јапонските власти се заканија дека ќе интервенираат доколку јенот премногу падне.
Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0470 долари, додека вчера во истиот период од тргувањето изнесуваше 1,0460 долари.
Цените на нафтата, од друга страна, стагнираат. Цената на барелот на лондонскиот пазар пртпладнево ослабе за благи 0,03 отсто, на 90,90 долари, додека на американскиот пазар е стабилна околу 89,25 долари.