
Пет лица се повредени од огнено оружје во вторникот ноќта во универзитетски кампус во Балтимор, соопшти полицијата во овој град на источниот брег на САД.
Пукањето се случило во кампусот на Државниот универзитет Морган околу 21,25 часот по локално време во вторникот, изјави за новинарите началникот на полицијата во Балтимор, Ричард Ворли. Повредени се пет лица на возраст меѓу 18 и 22 години, но на ниту едно од нив не му е загрозен животот, додаде тој.
Шефот на универзитетската полиција Ленс Хачер изјави дека четворица од повредените се студенти.
Кампусот бил блокиран неколку часа откако било издадено предупредувањето за пукање, кое подоцна е укинато. Засега не се објавени апсења во врска со престрелката. Морган Стејт е историски црнечки универзитет со приближно 9.000 студенти.
Пукањата станаа вообичаени и загрижувачки во Соединетите држави, кои имаат повеќе индивидуални пиштоли отколку жители, особено поради леснотијата со која Американците имаат пристап до нив. Секој трет возрасен поседува барем еден пиштол, а речиси секој втор возрасен живее во дом со пиштол.