Aнчелоти: Модриќ не ја загуби волјата поради неиграње

Тренерот на Реал, Карло Анчелоти, кој во вторникот против Наполи го внесе во игра Лука Модриќ во 64. минута, изјави дека капитенот на хрватската репрезентација „беше фантастичен“.

„Го направи тоа што го очекувавме од него. Покажа искуство во служба на тимот и одигра 30 минути на високо ниво“, изјави Анчелоти на прес-конференцијата во Неапол.

Реал Мадрид таму победи со 3:2 во второто коло од Лигата на шампионите.

Модриќ, 38-годишниот играч од средниот ред, заигра откако Анчелоти го остави на клупата на претходните два натпревара против Лас Палмас и Жирона, а претходно го повлече од теренот на полувремето од дербито со Атлетико Мадрид.

Анчелоти го пофали неговиот однос и настап против Наполи.

„Тоа значи дека е мотивиран и може да придонесе. И тоа го бара тренерот од играч кој не игра и кој е малку лут. Да не ја изгуби волјата. Во таа смисла, Модриќ беше фантастичен”, заклучи Анчелоти.

Модриќ, кој со Реал Мадрид освои 23 трофеи од 2012 година, не е во стартниот тим оваа сезона. Анчелоти во новата формација 4-4-2 им дава предност на средината на теренот на новодојдениот 20-годишен Џад Белингем и другите млади играчи Федерико Валверде, Едуардо Камавинга и Аурелиен Чоамени.

„Кралскиот клуб“ ја постигна втората победа во Лигата на шампионите откако претходно славеше со 1:0 против Унион Берлин. Во шпанското првенство имаат шест победи и еден пораз од Атлетико.