Артета загрижен за повредата на Сака

Тренерот на англискиот премиерлигаш Арсенал, Микел Артета, ја оцени повредата на Букајо Сака како „загрижувачка“, но додаде дека не жали што го избрал да игра во поразот (1:2) во Лигата на шампионите од Ланс.

„Тој со нетрпение чекаше да игра, како и секој друг играч. Тоа беше важен натпревар во Лигата на шампионите. На минатиот натпревар дои удар во стапалото, но беше добро“, рече Артета.

Сака го намести голот за Габриел Жесус, но во 34. минута ја напушти играта поради проблеми со мускулот.

„Не изгледа добро. Се обиде да ја додаде топката со петица во првото полувреме и почувствува нешто. Се чувствуваше непријатно и моравме да го извадиме од игра. Не знаеме ништо повеќе од тоа, но доволно е што не можеше да ја продолжи играта и тоа нѐ загрижува“, рече Артета во врска со повредата на неговито играч.

Дваесет идве годишниот Сака стартуваше во последните два натпревара за својот тим. Тој во саботата на натпреварот против Бурнмут имаше проблем со стапалото (4:0) и на крајот го напушти теренот. Сега сомнителен е неггоиов настап за неделниот клучниот натпревар во Премиер лигата против шампионот Манчестер Сити на стадионот „Емирати“, пишува BBC.

Англискиот напаѓач Сака досега стартуваше на 87 последователни првенствени натпревари, што е рекорд.

„Тој навистина не пропушти многу натпревари. Го одморивме против Брентфорд (во Карабао купот) минатата недела и тоа беше сѐ“, додаде Артета.