Откриено нацистичкото минато на холандскиот принц Бернхард

Покојниот холандски принц Бернхард, дедо на сегашниот крал Вилем Александер, бил член на нацистичката партија, откриваат новите истражувања речиси две децении по неговата смрт.

Историчар ја пронашол неговата оригинална членска книшка во Архивот на кралскиот дворец, објави во средната NRC. Историчарот Филип Маарсхалкервеерд, бил директор на архивот, а партиската легитимација од NSDAP ја открил во приватните документи на принцот.

Легитимацијата претставува јасен доказ дека принцот Бернхард бил член на нацистичката партија во Холандија, меѓутоа нејасно е зошто тој не ја уништили, вели историчарот кој сознанијата ги објави во новата книга „De achterblijvers“. Маарсхалкервеерд, повикувајќи се на отриена преписка од 1949 година меѓу воениот администратор на американската зона во Германија и принцот Бернхард во која се споменува легитимацијата, верува дека Американците сигурно биле запознаени.

Проеврејската организација CIDI ја повика холандската влада да наложи детална историска истрага на минатото на принцот Бернхард.

„Сите факти мора конечно да бидат ставени на масата… Во прашање е кредибилитетот на Холандија и на кралското семејство“, изјави за радио-станицата NOS, Наоми Меструм, директорка на CIDI.

Холандското кралско семејство и премиерот на заминување Марк Руте сѐ уште не ја коментираа веста.

Пред својата смрт принцот Бернхард во серијата интервјуа за весникот De Volkskrant наведе дека може „со рака на Библијата да кажам: Никогаш не сум бил нацист. Никогаш не сум плаќал членарина, никогаш не сум имал членска легитимација“.

Принцот Бернхард зу Липе-Биестерфелд (1911-2004) е роден во Германија. Кога се венчал со престолонаследничката Јулијана во 1936 година го прекинал членството во нацистичката партија, велат историчарите, повикувајќи се на преписка.

Во 1996 година историчари во Њујорк пронајдоа копија од членската легитимација на холандскиот принци, но тој тогаш тврдеше дека е фалсификувана, иако призна дека во Германија бил припадник на специјалната единица SS.

Германија ја заземала Холандија во 1940 година. Принцот Бернхард заминал во егзил во Лондон, заедно со кралицата Вилхемина, која го именувала за врховен командант на холандските вооружени сили, во странство, и според тоа на отпорот кон нацизмот.