Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност

Денеска во Македонија ќе преовладува сончево време со умерена, а на места повремено со значителна облачност.

Претежно во западните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Утринските температури се движат меѓу 6 и 14, додека максималните дневни соодветно ќе бидат во интервалот од 20 до 30 Целзиусови степени.

Во Скопје и околоната ќе биде сончево со умерена облачност, која повремено ќе се зголемува.