
Берзанските индекси останаа главно непроменети на Волстрит во четвртокот, бидејќи инвеститорите и натаму се претпазливи пред објавувањето на извештајот за работните места во САД, што може да има значително влијание врз насоката на пазарите.
Индексот Dow Jones загуби 0,03 отсто, на 33.119 поени, додека S&P 500 се лизна за 0,13 отсто, на 4.258 поени, а индексот Nasdaq 0,12 отсто, на 13.219 поени.
По растот од претходниот ден, индексите најголем дел од вчерашното тргување го минаа на негативна територија. Вложувачите не не се склони кон ризик бидејќи септемврискиот извештај за вработување во САД треба да биде објавен подоцна во петокот. Во анкетата на Reuters, аналитичарите проценуваат дека во тој месец бројот на вработени се зголемил за 170.000, помалку отколку во август кога растот беше 187.000.
Овој извештај би можел да има значајно влијание врз насоката на пазарите, бидејќи може да влијае на очекувањата во однос на понатамошниот развој на каматните стапки. Челниците на американската централна банка во последните седмици повторуваат дека е можно уште едно зголемување на клучните каматни стапки до крајот на годината и дека цената на парите би можела да остане на покачени нивоа подолг период од првично очекуваното поради високата инфлација.
Вчера, Мери Дејли, претседателка на филијалата на Fed во Сан Франциско, рече дека банката можеби нема да има потреба дополнително да ги зголемува каматните стапки, имајќи предвид дека монетарната политика добро е во рестриктивната зона и дека приносите на обврзниците се зголемени.