Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски во објава на својата официјална страна на фејсбук информира дека направил увид во градежните работи за асфалтирање на локалните улици во Хиподром 2.
Во објавата, градоначалникот Стефковски напиша:
-ЗАПОЧНА АСФАЛТИРАЊЕ НА ЛОКАЛНИТЕ УЛИЦИ ВО ХИПОДРОМ 2.
Направив увид на градежните работи за асфалтирање во новата населба Хиподром 2.
Среќен сум што конечно го решивме долгогодишниот проблем на жителите од Хиподром 2. Дадов збор пред граѓаните за решавање на проблемот со патната инфраструктура и тоа од денес станува реалност.
Овој проект го реализираме согласно Договорот за заем за финансирање на Проектот за поврзување на локални патишта помеѓу Република Македонија и Меѓународна банка за обнова и развој – Светска банка, преку Министерството за транспорт и врски.
Со проектот во патната инфраструктура инвестираме финансиски средства во висина од 45.013.572 денари како грант за општина Гази Баба преку Светска банка.
Дополнително како локална самоуправа спроведуваме постапка со која ќе инвестираме дополнителни 73.000.000 денари средства од буџетот на општина Гази Баба за доизградба на останатата инфраструктурата во Хиподром 2.
Им благодарам на жителите од Хиподром 2 за разбирањето и соработката која ја имавме во текот на изминатиот период.- напиша Стефковски.