Претседателот Александар Вучиќ порача дека Србија повеќе „никогаш, никаде и никому нема да дозволи етничко чистење на српскиот народ“.
Говорејќи на манифестација во Ковилово, Вучиќ истакна дека на Србите не смее да им се повтори колоната бегалци од хрватската операција Олуја за време на војната пред речиси три децении.
– Таква колона, во која многумина од вас пристигнаа во Србија, повеќе никогаш не смее да ни се дозволи, што и да прават некои против нашата земја – изјави Вучиќ, изразувајќи им благодарност на Краишниците поради тоа што „бескрајно ја сакаат Србија“.