По ерупцијата во Јапонија, најмалку 16 исчезнати

Најмалку 16 лица се сметаат за исчезнати по минатонеделната ерупција на вулканот Онтака во централна Јапонија, во која загинаа 47 а ранети се приближно 70 лица, соопштија денеска властите во Нагано, а пренесува агенцијата Кјодо.

Од отворот на вулканот и понатаму излегува отровен гас при што зоната околу кратерот е непристапна.

Спасувачките служби сметаат дека бројот на исчезнати би можел да биде поголем, бидејќи многу од туристите не се пријавуваат дека ќе го посетат вулканот.

На паркингот во подножјето на Онтака се наоѓаат уште 20 автомобили со чиишто сопственици спасувачите се уште не стапиле во контакт по ерупцијата која беше проследена со исфрлање на отровни гасови и вулканска пепел.