Англија, Северна Ирска, Ирска, Шкотска и Велс ќе бидат домаќини на Европското првенство во 2028 година

Во Нион, Швајцарија денес се состана Извршниот комитет на УЕФА, на кој беа избрани земјите кои ќе бидат домаќини на натпреварите на Европското првенство во 2028 година.

Турнирот ќе се одржи во Англија, Северна Ирска, Ирска, Шкотска и Велс.

Оваа одлука беше донесена откако Турција ја повлече својата кандидатура. Турците поднесоа нова заедничка кандидатура со Италија за Европското првенство во 2032 година и го добија гласот бидејќи беа единствените кандидати.

Ова ќе биде второ ЕУРО во историјата за Англија. Првиот шампионат се одржа во 1996 година.

Натпреварите се очекува да се одиграат во градови како Белфаст, Бирмингем, Кардиф, Даблин, Глазгов, Ливерпул, Лондон (во две арени), Манчестер и Њукасл.