ОН повикува на итен прекин на судирите во Украина

Обновувањето на вооружените борби во Украина може да доведе во катастрофа не само во земјата, туку и во целиот регион, предупреди генералниот секретар на ОН,  Бан Ки-мун, објави МИА.

– Обновувањето на воените актовности може да предизвика катастрофа во Украина, во регионот и пошироко, се наведува во соопштението на Бан.

Бан ги повикува сите страни строго да се придружат кон обврските од договорот постигнат на 19. септември во Минск со цел за брзо постигнување на примирје. Генералниот секретар на ОН, исто така, ја истакнува потребата од зголемување на политичките и дипломатски напори за постигнување на целта.

Во пресрет на масовните убиства на цивили и претставници на Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) во Доњецк и претседателот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), Дидије Буркхалтер ги повика денеска спротивставените страни во Украина итно да ги прекинат воените активнотсти и да го почитуваат договорот за прекин на огнот.

Во соопштението на ОБСЕ се изразува згрозеност од вчерашното убиство на десет лица во училиште во Доњецк и насилната смрт на претставник на МКЦК.

Швајцарскиот министер за надворешни работи и претседател на ОБСЕ Буркхалтер ги повика сите страни во конфликтот итно да ги прекинат вооружените судири.

Буркхалтер се заложи за строго почитување на прекинот на огнот и спроведување на мерки на протоколот договорен во Минск на 5. октомври и меморандумот од 19. септември, се наведува во соопштението на ОБСЕ.

Европската унија исто така изрази загриженост што наспроти прекинот на огнот се интензивираат судирите и бомбардирањето во Источна Украина, соопшти Брисел.

– Загрижени сме поради интензивирањето на судиритеи и гранатирањето во Источна Украина, наспроти постигнатиот договор за прекин на огнот, се наведува во соопштението на ЕУ.

Соопштението од Брисел повикува на строго следење на прекинот на огнот од 5. септември у спроведување на меморандумот од 19. септември довговорени со цел за зајакнување на примирјето и создавање демилитиаризирана зона и повлекување на сите странкси борци од Источна Украина.

Во соопштението се додава дека примирјето е од суштинско значење за создавање пат за политичко решение врз основа напочитување на украинскиот суверенитет и територијален интегритет