Во Франција пријавени десетици антисемитски акти по нападот на Хамас

Француската полиција уапсила повеќе од 20 лица поради десетици антисемитски дела изведени од саботата, вклучително и малтретирање на еврејски деца од нивните соученици, соопшти владата во средата.

Во Франција живаат едни од најголемите европски муслимански и еврејски популации и судирите на Блискиот исток лесно поттикнуваат тензии во земјата.

Министерот за внатрешни работи Жералд Дерманен изјави дека владата има намера да ги спречи тензиите со засилена полициска заштита на еврејските локации, вклучително и училиштата и синагогите.

„Важно е сите Французи од еврејска вера да знаат дека се заштитени“, реле Дерманен во текот на посетата на еврјско училиште близу Париз заедно со министерот за образование Габриел Атал.

Околу 10.000 полицајци ќе заштитуваат 500 локации, додаде Дерманен.

Атал рече дека учениците од хебрејска вера се соочувале со проблеми во своите училишта, меѓу кој и ученик во поширокиот париски региони кого го нападнале сооучениците и му ја искинале маицата.

„Сите вакви инциденти ќе бидат проследени до правосудните тела“, предупреди министерот за образование.

Во Велика Британија извештаите за антисемитски инциденти за трипати се зголемиле од минатиот викенд во споредба со истиот период минатата 2022 година, објави во вторникот тамошната еврејска добротворна организација.