
И натаму продолжува стабилното време со студени утра и дневни температури над просекот за овој период од годината. Денот ќе биде сончев и топол со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен правец.
Утринските температури се движат од 3 до 11, додека дневните максимални ќе бидат во интервалот меѓу 21 и 29 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Температурата ќе достигне до 28 степени.