
Фудбалска Македонија денеска слави 30 години од првиот официјален натпревар во Крањ и историскиот прв триумф на нашата фудбалска репрезентација против Словенија каде ја совладавме со 4-1.
Капитенот Енис Барди и селекторот Благоја Милевски, во име на ФФМ, му подарија дрес од фудбалската репрезентација на Роберт Спасовски кој тој историски момент за македонскиот фудбал во Крањ го овековечи преку својот објектив како фоторепортер на неделникот „Скок“, а истовремено денеска го прославува и својот роденден.