
Преку ден ќе преовладува сончево и топло време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени.
Како што најавија од УХМР, во деновите од викендот ќе се задржи сончево време со свежи утра, а ќе биде релативно топло преку денот.
Во текот на ноќта кон понеделник ќе започне продор на студена воздушна маса од север, проследен со засилен северен ветер и со значително опаѓање на температурата, особено во северните делови од земјата. На почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен дожд, особено во вторник.
Во понеделник ќе дува умерен до засилен северен, а во вторник ќе засилува јужен ветер.