Британски BBC обвини дека негов новинар бил „запрен и нападнат“ од израелската полиција

Британскиот медиумски јавен сервис BBC објави дека нејзин новина бил „запрен и нападнат“ од израелската полиција во Тел Авив, соопшти корпорацијата.

Муханад Тутуњи, Хајтам Абудијаб и арапскиот тим на BBC се упатиле кон хотел во Тел Авив во четвртокот кога полицијата ги извлекла од нивниот автомобил, јавува британскиот радиодифузер BBC News.

Во текот на запирањето на нивниот автомобил, означен со црвена лента „TV“, тие ги покажале своите новинарски легитимации. Тутуњи рекол дека додека го снимал инцидентот, телефонот му бил земен и фрлен на подот. Тврди и дека бил удрен по вратот.

Во петокот, портпаролот на BBC изјави дека „Еден од нашите тимови на BBC News Arabic распоредени во Тел Авив, во возило јасно означено како медиумско, беше запрен и нападнат од израелската полиција минатата ноќ. Новинарите мора да можат слободно да известуваат за конфликтот во Израел и Газа“.