Јордан предупреди дека протерувањето на Палестинците води кон поширок регионален судир

Јордан во саботата предупреди дека секој потег на Израел кој би поттикнал ново бегство на Палестинците од териториите кои ги населуваат, би го турнал регионот во „амбисот“ на поширок регионален судир.

Јорданскиот министер за надворешни работи, Ајман Сафади, изјави дека израелската блокада на хуманитарната помош за палестинската енклава Појасот Гаа и принудувањето на тамошните жители да ги напуштат своите домови, претставува „очигледно“ кршење на меѓународното право.

Израел на целата популација на северот од Појасот Газа ѝ даде рок до саботата претпладнето по локално време да се преселат на југот од оваа енклавва, во пресрет на најавуваната копнена офанзива чијашто декларирана цел се милитантите на радикалното исламистичко движење Хамас.

Најавено е дека израелските безбедносни сили ќе држат две делници отоворени до 16 часот по локално време за да им се овозможи на луѓето да се евакуираат.

Шефот на јорданската дипломатија Сафади рече дека воената кампања против Хамас убива невини цивили, како и дека ќе доведе до очај и уништувања коишто нема да му донесат повеќе безбедност на Израел.

„Војната убива и раселува невини Палестинци, и ќе ги остави регионот и светот да се справуваат со последиците од амбиентот на уништувањето и бедата коишто Изрел ќе ги предизвика во Газа. Со тоа нема да се постигне безбедност, ниту тоа ќе додведе до мир“, изјави Сафади по средбата со канадската колешка.

Израелските напори да преселат цела популација претставува „црвена линија“ на којашто Арапите ќе ѝ се спротистават, предупреди јорданскиот дипломат.

„Тоа ќе го доведе регионот во пеколот на војната, мораме да ми ставиме крај на ова лудило“, заклучи Сафади.