ВИДЕО| Версај и Лувр евакуирани поради закани со бомби

Дворецот Версај, на четириесеттина километри од француската престолнина Париз, и големиот парк кој го опкружува, евакуираин се во саботата попладнето од „безбедносни причини“.

„Драги пријатели, од безбедносни причини дворецот Версај денеска, сабота 14-ти октомври, ги евакуира посетителите и ги затвора своите врати. Ви благодариме на разбирањето“, стои во пораката објавена на социјалните мрежи.

Францускиот телевизиски канал BFMTV, повикувајќи се на полициски извори, објави дека упоравата на една од главните француски туристички дестинации примила закана со бомба.

И парискиот музеј Лувр неколку часа порани беше затворен од „безбедносни причини“. Во прилогот на BFMTV се наведува и дека еден од најпосетуваните музеи во светот, исто така, примил закана за подметната бомба.

Портпаролката на министерството за внатрешни работи, Камиј Шез, додавајќи дека по спроведените проверки не постои опасност.

Овие инциденти следеа ден откако наставник во гимназија во северниот фрад Арас беше убиен во напад со нож од 20-француски државјанин со чеченско потекло, познат од претходно на полицијата по врски со исламистичкото радикално милје. Во нападот беа тешко повредени уште три лица, а поради тоа властите го воведоа највисокото ниво на опасност од терористичка закана.