Прстите на страните во регионот се на чкрапалотo ако Израел не ја запре агресијата, преупредува Иран

Иран го предупредил Израел дека сите страни во регионот се подоготвени да дејствуваат доколку еврејската држава не ја запре агресијата кон Палестинците, извести во неделата полуофицијалната иранска новинска агенција Fars.

„Доколку ционистичката (на Израел) агресија не престане, мора да знае дека прстите на сите страни во регионот се на чкрапалото“, изјавил иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амирбдолахиан.

Претходно беше објавено дека Иран преку Обединетите нации го предупредил Израел да не ја ескалира ситауцијата во Газа, но тоа официјално не е потврдено.

Амиабдолахиан, кој минатата седмица го обвини Израел дека врши „геноцид“ со спроведување на опсада против Појасот Газа, рече дека нападот врз Газа ќе „отвори нови фронтови на отпор“ на Блискиот исток.

„Одговорноста за можното отворање на нови фронтови на отпори и каква и да е ескалација на сегашната војна е директна одговорност на САД и ционистичиот режим (Израел)“, рекол Амирбдолахиан.

Во саботата Амирбдолахиан во Катар се сретна со политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханија и притоа разговрале за смртоносниот напад на движењето врз Израел и „договориле да ја продолжат соработката“ за да се постигнат целите на движењето, објави Хамас во писмена изјава.

Претходно иранскиот претседател Ебрахим Раиси ја повика Франција да „помогне да се спречи угнетувањето на Пелестинците“ во телефонскиот резговор со францускиот претседател Емануел Макрон.

Врховниот иранскиот водач ајатолахот Али Хамнеи во вторникот рече дека Техеран не бил вклучен во нападот на милитантната група Хамас врз Израел, но го поздрави, како што го нарече, „непоправливиот“ воен и разузнавачки пораз на Израел.

Израел долго време ги обвинуваше иранскиот клер дека поттикнуваат насилство преку снабдување со оружје на Хамас. Техеран тврди дека дава само морална и финансиска поддршка на движењето кое го контролира Појасот Газа.

Поддршката на палестинската кауза е еден од столбовите на Исламската Република од револуцијата во 1979 година и начин на кој земјата во којашто доминираат шиитите се обликува како лидер на муслиманскиот свет.

По нападот без преседан на палестинското исламистичко движење Хамас од 7-ми октомври врз населбите во јужен Изреал со незапаметени 1.400 жртви, главно цивили, израелската војска започна немолосредни воздушни и артилериски бомбардирања во Појасот Газа во кои се убиени најмалки 2.400 луѓе од кои речиси третина се деца, и подготвува комбинирана копнена инвазија во палестинската енклава.

Израел им даваше двапати рок викендов на милион жители од северот на Газа да минат во јужниот дел на областа кон границата со Египет во очекување на почетокот од офанзивата кој истече во неделата во 13 часот.

Сепак американскиот весник The New York Times ноќта кон неделата објави, повикувајќи се на неколку високи израелски извори, дека изралеската војска ја одложила планираната инвазија во Појаст Газа со која управува Хамас за неколку дена поради лошите временски услови.

Копнената офанзива требаше да започне викендов, но е одложена делумно поради облачното небо што на израелските пилоти и оператори на беспилотните лрала им го отежнува пружањето воздушна поддршка на копнените сили, изјавил за The New York Times цитирајќи тројца неименувани израелски офицери.