Припадниците на Командата за операции (КО) денеска со воена свеченост во касарната „Боро Менков“ во Куманово ќе го одбележат денот на единицата.
На свеченоста во присуство на началникот на генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, ќе се обратат министерката за одбрана Славјанка Петровска и командантот на КО, бригаден генерал, Бесник Емини.
Се очекува да присуствуваат и заменик на министерот за одбрана Тирон Јајага, заменикот на началникот на генералштабот, генерал-мајор Азим Нуредин, државниот секретар во МО, Владимир Анчев, директорот на генералштабот, бригаден генерал Симеон Трајковски, претставници од кабинетот на претседателот, генералите во Армијата, поранешни команданти на оваа команда, претставници од воено дипломатскиот кор и командата на СИБРИГ, претставници од министерството за одбрана и генералштабот, како и претставници од локалната самоуправа и институции со кои соработува оваа команда.
Командата за операции е носител на традициите на формирањето на штабот на македонско-кресненското востание во селото Кресна на 17 октомври 1887 година, кој е воедно и ден кога е кренато востанието како еден од значајните историски настани врз кои се темелат традициите на Армијата.