Оние што ќе носат одлуки и што ќе прават реформи први ќе влезат во ЕУ, а тие што нема да носат одлуки и што нема да прават реформи тоа ќе го сторат кога ќе се охрабрат и кога ќе имаат капацитетност тоа да го направат, изјави вечерва на прес-конференција во Тирана премиерот Димитар Ковачевски, кој учествуваше на Самитот на Берлинскиот процес.
„Премиерот на Холандија, Марк Руте е голем пријател на нашата држава и Холандија и неговите ставови се секогаш јасни. Кога зборуваме за проширувањето, многу јасна беше и изјавата претходно во Блед и подоцна на претседателот на Европскиот совет и на другите лидери дека тие сакаат да ја подготват Европската унија за проширување до 2030 година, што значи дека реформите треба да се одвиваат во земји – членки во самата Унија за да може да функционира за важни прашања за нивното интерно оперирање со повеќе земји членки. Меѓутоа останува фактот дека оние што ќе бидат подготвени, тие ќе влезат побрзо, оние што нема да бидат подготвени ќе влезат подоцна така што не постои рок за сите земји одеднаш туку тие кои што ќе бидат подготвени да влезат во ЕУ тие ќе влезат, тие што нема да бидат подготвени тие нема да влезат,“ рече премиерот.
Посочи дека Македонија е карактеристичен пример бидејќи ние го започнавме нашиот кандидатски статус заедно со Хрватска, која беше дел од Западен Балкан, а денес е земја – членка на Европскат унија со воведено евро, дел од Шенген.
„Ние не сме за тоа затоа што ние не носевме одлуки. Имавме период од цела една деценија кога естаблишментотр сметаѓше дека не треба да се носат одлуки за пристапување кон ЕУ и резултатот го гледаме. Така ќе биде и во иднина. Оние што ќе носат одлуки, што ќе прават реформи први ќе влезат во ЕУ, оние што нема да носат одлуки и што нема да прават реформи тоа ќе го сторат кога ќе се охрабрат и кога ќе имаат капацитетност тоа да го направат“, рече Ковачевски во Тирана.