Најголемата ѕвезда во дресот на актуелниот шампион на Фрација, ПСЖ, Златан Ибрахимовиќ, призна дека и покрај одличната игра на пријателскиот натпревар, “светците” не се на исто ниво со шпанскиот гигант Реал (М).
Пријателскиот натпревар во Доха помеѓу ПСЖ и Реал (М) заврши со минимален триумф на „кралскиот клуб”, а единствениот погодок на натпреварот беше дело на малдиот напаѓач Хесе.
„Мора да бидеме задоволни од нашата работа и мислам дека не заслуживме пораз на овој натпревар. Може многу да очекуваме во пролетниот дел од актуелната сезона. Одигравме добро, имавме неколку добри шанси за погодок, но и покрај поразот, можеме да бидеме презадоволни од прикажаното. Тешко е да се каже дека сме на исто ниво со Реал (М), но најважно за нас е да освоиме уште некој нов трофеј во актуелната сезона”, изјави Ибракадабра.